25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликација за родители чии деца ги игнорираат нивните пораки

Апликација за родители чии деца ги игнорираат нивните пораки

Еден родител успеал да пронајде начин како да ги натера децата да не ги игнорираат пораките што нивните родители им ги праќаат на мобилните телефони.

Имено, британецот Ник Херберт ја дизајнирал и ја направил апликацијата ReplyASAP, која го заклучува мобилниот телефон на детето додека тоа не одговори на пораката од родителите.

Херберт на ваков потег бил поттикнат поради однесувањето на својот син Бен, кој го исклучувал ѕвонењето на телефонот и не ги слушал повиците или намерно ги игнорирал пораките на својот татко.

Токму затоа тој се обидел да најде апликација што ќе го пробие тивкиот режим на телефонот и ќе го привлече вниманието на Бен. Кога не пронашол таква апликација, решил да создаде своја.

За да работи, апликацијата мора да биде инсталирана и на телефонот на испраќачот и на телефонот на примателот. Кога корисникот ќе ја отвори, во неа се пишува пораката и потоа се испраќа.

Кога ќе стигне испратената порака, на телефонот на примателот се огласува силен аларм и апликацијата го заклучува екранот додека не биде одговорено на неа.

Испраќањето пораки е бесплатно, а исто така и апликацијата доколку се користи во комуникација само со едно лице. За повеќе контакти користењето се наплаќа.

ReplyASAP во моментот е достапна само за платформата „Андроид“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП