18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВторa криптовалута надмина пазарна капитализација од 100 милијарди долари

Вторa криптовалута надмина пазарна капитализација од 100 милијарди долари

Несомнено, биткоинот останува дигиталната валута со најголемата пазарна капитализација во светот.

Според податоците претставени на „Coinmarketcap“, вкупната капитализација на биткоинот веќе надминува 254 милијарди долари. Ова е многу повисока вредност од другите дигитални валути.

За прв пат, сепак втора криптовалута успева да ја помине психолошката граница од 100 милијарди долари по капитализација. И тоа не е етерот – најголемиот конкурент на биткоинот, кој со месеци е втор најголем играч според капитализацијата.

Сега етерот е претекнат од криптовалутата „Ripple“ по силниот раст од над 1.000% во декември. Ова е првата дигитална валута по биткоинот која ја поминува границата од 100 милијарди долари и има капитализација од околу 106 милијарди долари.

„Ripple“ е валутата на „Ripple Protocol“ – поширока категорија за глобална размена на софтвер со отворен код. Тој веќе се користи од банки како што се „Santander“, „Bank of America, Merrill Lynch“, „UBS“ и „RBC“. Валутата решава различен проблем од биткоинот, овозможувајќи да се спогодат плаќања помеѓу различни валути, па дури и различни системи на плаќање.

Обврските се евидентираат во јавен регистар. Се складираат на сите компјутери на мрежната на „Ripple“. Парите се пренесуваат само ако двајца учесници имаат доволно доверба еден во друг.

Доколку учесниците не си веруваат доволно, мрежата се обидува да изгради доверба. Плаќањата се „to ripple“ низ мрежата.

Вкупно, постојат 100 милијарди коини на „Ripple“, од кои 55 милијарди може да се дистрибуираат до корисниците на мрежата. Креаторите поседуваат 20 милијарди коини, други 25 милијарди се сопственост на компанијата „Ripple Labs“ што си постави за цел да ја администрира валутата. Меѓу инвеститорите се „Google“ и поранешниот германски политичар Карл Теодор Гутенберг.

Во моментов, „Ripple“ чини околу 2,22 долари, додека на почетокот на годината неговата цена изнесуваше 0,006 долари. Минатата година вредноста се зголеми до 34.000 проценти, според веб-страницата на „T3N“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП