7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi започна да го менува својот дизајнерски концепт

Audi започна да го менува својот дизајнерски концепт

Вие не треба да бидете дизајнерски експерт за да ги забележите очигледните сличности во изгледот на сите „Audi“ модели во последниве години.

Сето ова се очекува да се промени, бидејќи компанијата од Инголштад зема нов пристап во развивањето на своите нови модели. Промената всушност започна уште со претставувањето на „Q2“, а потоа моделот беше проследен и од новата „A8“ и елегантниот „А7 Sportback“. Сега „Audi“ е решена да ги направи идните модели се повеќе и повеќе различни едни од други.

Во интервју за британското списание „Autocar“, шефот на „Audi“, Руперт Штадлер објаснува зошто компанијата од Инголштад го усвои пристапот за сличен дизајн во целата гама на модели на прво место. Според него, на овој начин автомобилите од брендот станаа препознатливи во новите и пазарите во развој, од кои едниот е во Кина. Сега „Audi“ веќе стекна популарност во Кина, па нејзиното раководство одлучи да го промени дизајнерскиот пристап за да го направи секој модел поинаков.

Од изјавата на Штадлер станува јасно уште дека тој верува дека зајакнувањето на идентитетот на секој модел, е од исклучителна важност, имајќи предвид дека животот на секој од нив е околу 6 години и тие треба да изгледаат актуелни цело тоа време. Не очекува „свеж воздух“ во овој поглед со претставувањето на целосно електричниот кросовер „E-Tron“ кој треба да се појави во сериска верзија подоцна во текот на годината. Во 2019-та година, стилската верзија на „E-Tron Sportback“ исто така ќе биде достапна на пазарот.

Ослободувајќи се од моторите со внатрешно согорување за сметка на едноставниот електричен погон, дизајнерите на „Audi“ ќе имаат повеќе слобода во дизајнот и неговите пропорции, што пак ќе им овозможи да развијат нов и многу различен дизајн. Можеме да очекуваме пократки црти, пониски предни капаци и многу други дизајнерски трикови кои ќе ги направат идните модели од Инголштад да изгледаат попривлечни.

Следната голем задача за „Audi“ е претставувањето на новата генерација на клучниот за компанијата модел „A6“ кој треба да се појави во следните месеци. Со оглед на изјавите на Штадлер за „Autocar“, можеме да очекуваме повеќе од помал „A8“ како што беше досега. Друга важна премиера за компанијата ќе биде „Q8“ што ќе претставува нешто како „Coupe“ верзија на големиот „SUV“ модел „Q7“. Исто така оваа година очекуваме надградена верзија на компактниот кросовер „Q3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП