5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвршители: 112 илјади граѓани и фирми со блокирани сметки!

Извршители: 112 илјади граѓани и фирми со блокирани сметки!

Над 112 илјади граѓани и фирми имаат блокирани сметки. Помеките правила за извршителите кои влегоа во сила пред точно една година не влијае на намалување на бројот на блокирани трансакциски.

112 илјади граѓани и фирми со блокирани сметки

Според најновите податоци на Народната Банка (НБРМ) вкупниот број на граѓани и фирми со блокирани сметки заклучно со септември 2017-та изнесувал 112.491.

Ова е на речиси исто ниво со септември 2016-та кога имало 112.612 блокирани.

Од вкупниот број блокирани 80.870 се физички а 31.621 се правни лица.

Но, бидејќи и граѓаните и фирмите најчесто имаат по неколку трансакциски сметки вкупниот број на блокирани сметки е многу поголем и заклучно со септември достигнал 235.629.

Извршителите „омекнаа“ пред една година

На 1 јануари лани стапија во сила нови, помеки правила по кои постапуваат извршителите.

Со нив се воведе засилена контрола на работењето на самите извршители; писмена опомена пред принудна наплата; вонсудска постапка за комуналните сметки; кратење на роковите за продажба на недвижностите; но и за иселување на должниците; можност да се продаваат предмети при стечај; еднократно поднесување на барање за алиментација; електронска комуникација со државните органи.

Ова значи дека заостанатите сметки за комуналии (струја, вода, парно, телефон, каблеска) веќе не одат на нотар или на суд како до сега туку директно кај извршител. Со тоа треба да се избегнат дополнителните трошоци. Јавните, комуналните и претпријатијата кои нудат други услуги ќе мора најпрвин да се обидат да го наплатат заостанатиот долг преку извршител, а дури потоа да почнат судска постапка.

Со овие измени граѓаните добија можност да се раздолжат уште во првата фаза, кога нема дополнителни судски, банкарски и други трошоци.

Извршителите нема да ја блокираат социјалната помош

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршителите минатата недела потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на примателите на социјална помош.

Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија.

Претходно овие лица чекаа и по неколку дена да заврши писмената коресподенција меѓу извршителот и Центарот за социјални работи, а дури потоа да им бидат деблокирани сметките и да имаат пристап до парите за социјална заштита. Оваа новина ја забрзува постапката и штити од непотребни трошоци, но не подразбира отпис на долговите, туку нивна наплата штом ќе имаат паричен прилив од друго место.

Извршителите наплаќаат по над 100 милиони евра годишно!

Според последниот извештај на Комората на извршители кој се однесува на 2016-та, таа година сите извршители заедно од граѓаните и фирмите наплатиле 118 милиони и 964 илјади евра!

Во 2015-та сумата достигнала 107 милиони и 646 илјади, а во 2014-та 107 милиони и 876 илјади евра.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП