25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат Huawei P20, P20 Plus и P20 Pro – смартфони со три...

Пристигнуваат Huawei P20, P20 Plus и P20 Pro – смартфони со три камери

„Huawei“ во текот на 2018-та година наместо „P11“ мобилните телефони би требало да ги претстави моделите „P20“, „P20 Plus“ и „P20 Pro“ кои, според претходните информации, ќе бидат опремени со по три задни камери.

Се чини дека информациите кои ги има Еван Блас ги пласираше во почетокот на декември 2017-та се точни, затоа што други, кинески започнаа да споменуваат дека следниот премиум телефон на „Huawei“ ќе пристигне со три задни камери.

Но, се чини дека Блас овој плат погреши во врска со имињата на новите мобилни телефони: според најновите информации, идниот предводник на „Huawei“ нема да биде „P11“, туку „P20“. Изворот вели дека „P20“ и „P20 Plus“ моделите ќе бидат засновани на „Kirin 970“, a „P20 Pro“ на новиот „Kirin 975 SoC“ и сите три модели ќе имаат по 6 GB RAM и најмалку 64 GB интерна меморија.

„Huawei“ исто така во почетокот на 2018-та би требало да претстави вкупно три модели – „P20“, „P20 Plus“ и „P20 Pro“. Сите три модели од задната страна би требало да имаат по три камери, а како што се гледа, секој од нив ќе има различна позиција на камерите.

Камерите на основниот модел „P20“ ќе бидат хоризонтално поставени во горниот лев агол. Камерите на малку поголемиот модел, „P20 Plus“, ќе бидат исто така во левиот агол на куќиштетот, но верикално, една под друга. Најразличната позиција е резервирана за моделот „P20 Pro“ – камерите ќе бидат сместени вертикално и централно во горниот раб на куќиштето.

Според претходните информации, камерите ќе имаат резолуции од 40 MP и можност да хибридно зумирање до 5X. Сите три модели би требало да имаат и екран во размер 18:9, a скенерот за отпечаток на прстот ќе биде составен дел од споменатите модели, со тоа што на моделите „P20“ и „P20 Plus“ ќе биде сместен во предниот, а во „P20 Pro“ моделот на задната страна на куќиштетот.

Официјалните спецификации нема да бидат објавени уште некое време, барем не до саемот „MWC 2018“, кога се очекува дека ќе бидат претставени споменатите мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП