1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските граѓани ја испратија старата и ја дочекаа Новата 2018 година

Македонските граѓани ја испратија старата и ја дочекаа Новата 2018 година

Во туристичките места, на плоштадите, во кафеаните и рестораните или во семејна атмосфера, македонските граѓани ја испратија старата и ја дочекаа Новата 2018 година.

И ви регионот Новата година беше со големо расположение, а во многу градови имаше организирана прослава на плоштадите.

Во Подгорица ги забавуваше Тони Цетински, додека во Будва уживаа со музика од Бијело дугме, јави РТЦГ.

По синоќешниот концерт на Масимо Савиќ, вечерва во Котор настапуваат меѓу другите и Партибрејкерс и Електрични оргазам. Во Хрватска за Нова година многумина избраа најповолна прослава – на плоштади со концерти.

Во Загреб за прославата се погрижија Дорис Драговиќ, Тончи Хуљиќ со традиционален огномет на полоќ

Град Скопје ја откажа традиционалната прослава, а планираните средства ќе бидат донирани за социјални цели.

Новогодишна прослава со хуманитарен карактер организираше Општина Центар на плоштадот сквер „Јадран“ на која настапија познати македонски музичари.

Средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП