18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот нека внимава – овој коин „скокна“ за 30.000%

Биткоинот нека внимава – овој коин „скокна“ за 30.000%

Криптовалутата „ripple“ ја зголеми својата вредност за уште 33 отсто и е многу блиску да биде втората најголема дигитална валута.

Тоа е инаку раст од 30.000 проценти во 20017-ма година.

Во последните неколку дена од тргувањето биткоинот е помеѓу 13 и 15.000 долари, „eterum“ осцилира помеѓу 700 и 800 долари, и кај нив нема преголеми „скокови“ – дури по вестите за воведување на поголеми регулативи во Јужна Кореја се случија и нешто поголеми падови на цената, што се пренесе на некои од најголемите алтернативни криптовалути.

Сепак, една криптовалута меѓу оние најпознатите се потпира на негативниот тренд. Станува збор за „ripple“ (XRP), која забележа раст во изминативе два дена. Само за еден ден нејзината цена порасна за повеќе од 30% и се движи на ниво од 2 долари. Колку тоа за „ripple“ е многу говори фактот дека таа на 10-ти декември се тргуваше по цена од околу 0,25 долари.

По растот во петокот, пазарната вредност на овој коин порасна на 73,6 милијарди долари и на кратко „ripple“ го мина и „etereum“.

Додека биткоинот и многу други криптовалути се познати по тоа што се децентрализирани, сопствениците на валутата „ripple“ се и тоа како познати и валутата е централизирана.

Оваа валута функционира во рамките на матичната компанија „Ripple“, со седиште во Сан Франциско, а се тргува под името „XRP“.

„Ripple“ оваа година го имаше најголемиот раст на вредноста меѓу позначајните дигитални валути.

Во јануари вредеше 1,90 долари, за до декември да порасне за 30,000 oтсто.

Нејзините основачи тврдат дека „ripple“ е повеќе до дигитална валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП