9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКаков ќе биде Samsung Galaxy S10?

Каков ќе биде Samsung Galaxy S10?

„Цврстите“ батерии – тие може да бидат дел од предводничките уреди во 2019-та година, вклучувајќи го и „Galaxy S10“. Но, дали ова ќе биде главната карактеристика на уредите на „Samsung“?

Веројатно не. Компанијата од Кореја во 2015-та година претстави интересен патент.

Во 2016-та година, тој беше поднесен до патентната агенција на САД. Информациите за тоа неодамна беа објавени. Тоа е уред со екран кој е насекаде низ куќиштето и претставува целина.

„Galaxy S10“ може да биде со флексибилен екран

До извесен степен, екранот може да се дефинира како флексибилен, при што куќиштето останува во вообичаена форма за паметен телефон. Ова е средна опција помеѓу обичните уреди и целосно флексибилните. Имено таков може да биде „Galaxy S10“.

Идејата за паметен телефон со два екрани во 2017-та година беше реализирана од страна на „Meizu“. Тоа беше моделот „Pro7“. Сепак, тоа не е ново, за разлика од патентот на „Samsung“, во кој екранот е една единица и го покрива предниот панел, како и страниците и задниот панел.

Дури и сега, некои креатори на концептот можат да продолжат со креирање на скици врз основа на дадениот патент. Ова дава причина да се размислува за можното појавување на „Galaxy S10“ во оваа форма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП