4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде живеат најбогатите шефови на компании во светот?

Каде живеат најбогатите шефови на компании во светот?

Генералните директори во САД се најдобро платени од нивните колеги во другите земји. Јазот меѓу нивите плати и тие на просечните американски службеници е поголем отколку во другите земји, соопштува „Bloomberg“.

Генералните директори на најголемите јавно тргувани компании во САД добиваат просечна годишна плата од 14,3 милиони долари, двојно повеќе од канадските колеги и десет пати повеќе од оние во Индија, покажува анализата на „Bloomberg“ врз основа на водечки берзански индекси во 22 земји.

Но генералните директори на компании вклучени во индискиот индекс „Sensex“, сепак заработија 229 пати повеќе од просечните вработени во земјата. Ова е втора најголема разлика во светот по САД, каде раководителите на компании добиваат 265 пати повеќе од просечните вработени, покажува друга класификација на „Bloomberg“.

Норвешка и Австрија ги имаат едни од најмалите маргини. Генералните директори на компании вклучени во норвешкиот индекс „OBX“ добиваат просечно 1.28 милиони долари, што е еквивалентно на приходите на околу 20 вработени.

Компаниите кои се на американски берзи, треба да го откриваат соодносот меѓу платата на генералниот директор и онаа на просечниот вработен за фискалната година, започната на или по 1-ви јануари 2017-та година. Петер Зимон, германски пратеник во Европскиот парламент, понуди сличен сооднос за банките со цел платата на директорите да биде сведена на „посоодветно ниво“.

Многу се причините за разликата во платите меѓу раководителите. Во САД се наоѓаат многу од најголемите корпорации во светот, кои плаќаат повеќе. Трошоците за живот се повисоки во Северна Америка и Западна Европа, отколку во некои делови на Азија.

Податоците за плати во секоја земја се базираат на просечната плата на генералниот менаџер на компанијата, претставена врз основниот берзански индекс. Плаќањата обелоденети во јавните документи вклучуваат плата, бонуси, екстра приход, непарична плата како хартии од вредност, планови за одложено плаќање и пензии.

Топ десет земји со најплатените директори на компании во светот:

1. САД – просечна годишна плата од 14,25 милиони долари

2. Швајцарија – 8,5 милиони долари

3. Холандија – 8.24 милиони долари

4. Обединето Кралство – 7,95 милиони долари

5. Канада – 6,49 милиони долари

6. Германија – 6,17 милиони долари

7. Австралија – 4,69 милиони долари

8. Шпанија – 4,89 милиони долари

9. Хонг Конг – 4,88 милиони долари

10. Сингапур – 4.62 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП