Откако на „Google“ продаде голем дел од своите луѓе, компанијата „HTC“ во следната година дополнително ќе ги намали своите планови поврзани со „Android“ уредите, а главна „ѕвезда“ би требало да биде „U12“, наследник на одличниот модел „U11“.

Според првите гласини, овој телефон би требало да добие екран со 4К резолуција, што денеска е реткост меѓу мобилните телефони, а купувачите претходно може да ги видат на моделите на „Sony Xperia“.
Покрај тоа, „U123 би требало да добие и процесор „Snapdragon 845“, кој неодамна имаше своја премиера, а што се однесува до хардверските можности, се споменува и враќањето на „HTC“ кон двојните камери кои денеска практично се стандард кај мобилните телефони.
Датумот за претставување на овој телефон се уште не е соопштен.
Како што пренесува „Android Headlines“, во јануари би можеле да видиме и нешто послаба верзија на неодамна претставениот „U11+“, кој е првиот телефон на оваа компанија со екран од 18:9.