17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСноуден направи апликација која штити од натрапници (видео)

Сноуден направи апликација која штити од натрапници (видео)

Едвард Сноуден е познат по тоа што открива многу работи во врска со сложеноста на контролата на Владата на САД, но истовремено пропагира и методи кои на корисниците им помагаат да се заштитат од неовластеното прислушкување/следење.

Откако го претстави шифрираниот месинџер кој се нарекува „Signal“, Сноуден сега претставува уште една апликација која покрива различна област во заштита на корисникот – заштита од физички пристап во нечија опрема.

Сноуден го претстави „Haven“: „Keep Watch“ апликацијата, како дел од „Guardian Project“, a која ги претвора старите „Android“ телефони во импровизиран систем за мониторинг или систем за надгледување.

Апликацијата ќе ги известува корисниците кога ќе забележат движење во просторија во која се наоѓа лаптоп или друга важна опрема, ќе снима звук, а може дури и да преведе влез од акцелеметар на телефонот со цел да одреди дали телефонот е поместуван.

Оваа апликација за безбедност се уште е во бета верзија и не е во целост подготвена, но нема сомневање дека идејата која стои за нејзиното креирање е многу корисна во пракса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП