3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвата македонска книга со успешна Kickstarter кампања

Првата македонска книга со успешна Kickstarter кампања

Брендот Tip of the Week® се шири глобално

Првата книга и проект од издавачката дејност од Македонија, Tip of the week® успешно ја заврши кампањата на глобалната платформа Kickstarter. 105 поддржувачи од над 20 земји меѓу кои Америка, Англија, Франција, Италија, Германија, Австралија, Литванија, Шведска, Индија, Швајцарија, како и земјите од регионот, придонесоа за реализирање на целта од 8.000 долари. Издавањето на интернационалното издание ќе биде реализирано и испратено до сите поддржувачи во текот на април и мај 2018 година. Кампањата што траеше еден месец беше работена заедно со тимот на Солвео.

Навистина сме среќни што на платформа на која само 35 % од проектите се успешни, и нашиот е еден од нив. Искрено веруваме дека ова интернационално издание, покрај тоа што ќе ни ги отвори вратите за ширење на Tip of the Week концептот, ќе биде и отскочна даска за промовирање на автори и деловни професионалци од Македонија и Балканот ширум светот. Многу ни значи што меѓу поддржувачите има и издавачки куќи со кои се надеваме дека Прирачникот ќе го направиме уште подостапен за светската читателска публика – велат главните иницијатори и креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку“.

Интернационалното издание на англиски јазик ќе содржи 40 совети од автори и деловни професионалци од Балканот надополнети со многу практични примери и самоевалуациони вежби.

Tip of the Week® концептот e започнат во 2010 година во Македонија со издавање на неделни совети и два прирачници за личен и за професионален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а од оваа година и во Хрватска. Прирачниците, досега се издадени на три јазици и продадени во тираж во повеќе од 20.000 копии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП