28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕден Aston Martin Vulcan конечно може на улица (видео)

Еден Aston Martin Vulcan конечно може на улица (видео)

Британскaта компанија „RML Group“ успеа после 18 месеци работа да модифицира еден „Aston Martin Vulcan“ и да го направи легален за патен сообраќај.

2,3 милиони вредниот суперавтомобил на „Aston Martin“ е како „McLaren P1 GTR“, изработен само за тркачка патека, на која може да излезе ислучиво со дозвола на компанијата.

Меѓутоа, „RML Group“ еден од сопствениците успеа да го направи единствен во светот, затоа што тој својот примерок ќе може да го користи како „обичен“ автомобил.

Инженерите на оваа компанија „Vulcan“ го опремиле со нова хауба со оргинални „Aston Martin“ фарови од моделот „DB11“ и браник со „DRL“ светла. Покрај тоа, вградени се и покажувачи на правецот на задниот панел од виското крило.

Поради тоа што „Vulcan“ е дизајниран специјално за на патека, инженерите мораа да го доработат системот за ладење, вообичаените старт-стоп ситуации во сообраќајот.

Модифицирана е и суспензијата, со цел возачот да не ја уништи школката од карбон-фибер, а направени се и неколку промени во врска со безбедноста.

Најважната работа е што „RML Group“ го задржала 7,0-литарскиот V12 мотор со импресивни 820 KS. „Aston Martin“ има произведено само 24 примероци од моделот „Vulcan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП