9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансиски експерт на Морган Стенли: Еве зошто вистинската вредност на биткоинот може...

Финансиски експерт на Морган Стенли: Еве зошто вистинската вредност на биткоинот може да биде НУЛА!

Добро познатиот инвестициски аналитичар во „Морган Стенли“, Џејмс Фосет, ја истражува вредноста на биткоинот со неговиот тим и испрати важна порака до многу клиенти.

Во неа тој наведува дека вредноста на биткоинот може да биде нула. Потсетуваме, овие денови цената на криптовалутата е околу 14.000 долари.

Сепак, Фосет објаснува зошто е исклучително тешко да се додаде вредност на криптовалутата.

„Не е како валута, а не е како злато, не постои употреба како злато и затоа е тешко да се утврди скалата, многу е тешко да се одговори на ова прашање“, вели тој.

Фосет, изјави дека многу малку онлајн трговците на мало ја прифатија употребата на биткоинот, поточно речиси не може да се најде место каде што можете да ја користите оваа криптовалута.

„Ако никој не ја прифати оваа платежна технологија, тогаш вредноста е нула“, рече тој.

Сепак, на порталот „Coinmarketcap“, кој ги следи криптовалутите наведува дека просечнато дневно „влијание“ на биткоинот е околу 11,5 милијарди долари, и дека целиот пазар на биткоинот дневно изнесува околу 27 милијарди долари.

Да потсетиме, само минатата недела, биткоинот доживеа неколку качувања и падови. Прво беше најавено дека неговата вредност се намалила за 40 отсто, а следниот ден се опорави и забележа раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП