Велика Британија е најдобра земја за бизнис во светот за 2018 година, и покрај несигурноста што произлегува од Брегзит, додека Македонија е на 63-то место во рангирањето на американското списание Форбс, кое опфаќа 153 земји во светот.
Американскиот магазин мери 15 различни сегменти на развој на бизнисот, вклучувајќи ги и даноците, лична и економска слобода, бирократија, правата на сопственост, иновации, корупција, технологија, трговска и монетарна слобода и заштита на инвеститорите.
Втората најдобра земја за бизнис е Нов Зеланд, трета е Холандија, Шведска на четвртото место и петта е Канада.
Во регионот, најдобро рангирана е Словенија (32), Хрватска е рангирана 51-та, Црна Гора на 68, Србија на 69-то место, Албанија е 71 и Босна и Херцеговина на 97-то место.
На самото дно на листата на 150 место е Авганистан, Хаити (151), Гамбија (152), Чад (153). (Танјуг)