6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработуваат најголемите компании за една секунда? (инфографик)

Колку заработуваат најголемите компании за една секунда? (инфографик)

Колку на „Apple“ добро му оди најдобро покажува инфографикот на „TitleMax“ во кој можете да ја видите заработката на највредните светски компании во само една секунда.

Според тој извештај „Apple“ во една секунда заработува дури 1.444,7 долари и се наоѓа далеку пред сите останати големи компании, па така „Alphabet“ (Google) е дури на петтото место со заработка од 615,96 долари, додека „Microsoft“ е на седмото место со заработка од 531,21 долар во секунда.

На „Apple“ оваа бројка му ја донесе податокот од минатогодишната заработка во висина од 45,5 милијарди долари, што е двојно повеќе од втората компанија на оваа листа „JP Morgan Chase“ која во секунда заработува 782,14 долари, додека „Walmart“ кој се наоѓа на врвот на „Fortune 500“ како бренд број 1, е далку назад со заработка од 431,43 долари во секунда, но сепак пред „Intel“ кој во секунда заработува 326,22 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП