10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотврден договорот на „Луфтханза“ за преземање на дел од „Ер Берлин“

Потврден договорот на „Луфтханза“ за преземање на дел од „Ер Берлин“

Европската Унија го потврди договорот со кој најголемата германска авиокомпанија „Луфтханза“ презеде дел од банкротираната компанија „Ер Берлин“, некогаш втор најголем авиопревозник во Германија.

Европската комисија ѝ даде зелено на „Луфтханза“ за купување на германската компанија LGW, огранок на „Ер Берлин“ откако најголемата авиокомпанија во Германија минатата недела ја повлече понудата за купување на нискобуџетната австриска компанија „Ники“, исто така огранок на „Ер Берлин“.

Ваквииот потег на „Луфтханза“ доведе до банкрот на „Ники“ која продолжи со летови и откако „Ер Берлин“ ја запре работата во октомври.

ЕУ минатата недела го одобри договорот со кој британската авиокомпанија „Изиџет“ презеде помал дел од „Ер Берлин“ кој во агуст прогласи банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП