3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti го исполни ветувањето

Bugatti го исполни ветувањето

Во 2017-та година компанијата „Bugatti“ го исполнила ветувањето кон своите клиенти – имено да произведе и да им предаде точно 70 примероци од новиот хиперавтомобил „Chiron“. Ова беше потврдено од седиштето на производителот на луксузни спортски автомобили.

Светската премиера на „Chiron“ се одржа во пролетта 2016-та година на саемот во Женева. Производството на хиперавтомобилот започна во есента истата година во фабриката во Молсам, Франција. Првите примероци беа доставени во март оваа година.

За разлика од претходниот модел – „Bugatti Veyron“, чии тираж од 450 примероци се продаваше во текот на 10 години, кај „Chiron“ побарувачката е далеку поголема и ја надминува понудата. Компанијата планира да произведе 500 единици, од кои 300 се веќе претплатени.

Овој автомобил е најпосакуван во Европа – 43% од нарачките доаѓаат од овој континент. Потоа следат Северна Америка (26%) и Блискиот Исток (23%). Останатите 8% се во Азиско-пацифичкиот регион.

„Bugatti Chiron“ се потпира на 8.0-литарски W16 со 4 турбини, кој развива 1500 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,4 секунди, до 200 км/ч – 6,1 секунди, до 300 км/ч – 13,1 секунди и до 400 км/ч – 32,6 секунди. Максималната брзина е 420 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП