29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо вчерашниот пад до 10.800 долари, биткоинот повторно расте

По вчерашниот пад до 10.800 долари, биткоинот повторно расте

Во она што најверојатно ќе биде една од најголемите корекции што некогаш биле забележани на зголемениот криптовалентен пазар, вкупната вредност на средства создадена со доаѓањето на биткоинот во 2009-та година, во петокот „фрли“ милијарди.

Вкупната вредност на сите криптовaлути, вклучувајќи го биткоин и други 1.300 други тргувања, е намалена за повеќе од 30 отсто од нејзиното највисоко ниво од 650 милијарди долари достигнато претходно во оваа недела. Но, додека пазарите достигнаа ниско ниво од 418 милијарди долари вчера, пазарите сè уште се над 4.000 проценти, од времето кога беа само 1 милијарда долари на 1-ви јануари 2017-та година.

Дали значи дека на пазарот се продава за да се купат подароци за празниците? Или „лоши“ банкари работат на пазарот?

Додека изобилуваат теориите, податоците се неспорни: цената на биткоинот падна речиси 5.000 долари за само неколку часа за да падне под 11.000 долари, а многу други криптовалути го следеа трендот на опаѓање, паднаа за 30 до 40 проценти во текот на тргувањето во петокот.

Со 10.800 долари, цената на биткоинот беше речиси половина од она што беше кога беа надминати 19.783 долари во минатата недела.

Во моментот на објавување на овој текст, центата на најпопуларната критповалута забележа потворно раст, овој пат достигнувајќи цена од 14.901 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП