23 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Подемот на видео стримингoт

График на денот: Подемот на видео стримингoт

Видео стримингот станува се повеќе и повеќе популарен во САД, со тоа што Американците ја уживаат слободата што ја дава во споредба со традиционалната телевизија, според новата студија на „PwC“.

Како што често се случува со новите технологии, помладите луѓе многу повеќе гледаат видео стриминг, но и други возрасни групи се насочуваат кон него, вели „Statista“. 63% од луѓето на возраст меѓу 50 и 59 години имаат постојан пристап до телевизиски содржини преку Интернет, во споредба со 49% во 2015-та година.

Меѓутоа, најзабележлива работа е возрасната група од 25 до 34 години, каде што речиси 100 проценти од Американците користеа видео стриминг во оваа година.

Во исто време, се повеќе и повеќе луѓе ги исклучуваат нивните претплати на традиционалната телевизија (19%) или барем ги ограничуваат (27%). Значи, ако 61 отсто од Американците биле претплатени на ТВ во 2015-та година, а потоа две години подоцна, ова учество паднало на само 45 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП