13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРускиот гигант ќе биде спасен од државата

Рускиот гигант ќе биде спасен од државата

Централната банка на Русија покрена процедура за спасување на една од најголемите приватни банки во таа земја, „Promsvyazbank“.

„Promsvyazbank“, како девети најголем кредитор во Русија со актива во вредност од 1.300 милијарди рубљи (22 милијарди долари), се смета за „системски важна“ за националниот финансиски систем, соопшти централната банка, пренесува агенцијата АП.

Централната банка именуваше и привремен управник за контрола над „Promsvyazbank“ и најави финансиска помош за поддршка на нејзината ликвидност.

Таа е трета приватна банка која оваа година во Русија влезе во програмата за спасување, откако слична ситуација ги зафати „Otkritie Bank“ и „B&N“ банка, наведува американската агенција.

„Promsvyazbank“ продолжува да работи нормално, да ги исполнува обврските и да склучува нови договори“, се наведува во соопштението на централната банка на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП