6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии: Jeep Cherokee зa 2018-та

Први фотографии: Jeep Cherokee зa 2018-та

„Jeep“ го претстави дизајнот на обновениот модел „Cherokee“ пред премиерата на ова возило закажана за јануари и саемот за автомобили во Детроит.

„Cherokee“ зa 2018-та во основа го задржа истиот дизајн на надворешноста, кој, и кога во 2013-та година беше претставена актуелната генерација – оценет како котроверзен, пред се поради специфичниот изглед на предниот дел на возилото и невообичаената форма на фаровите.

По редизајнот, фаровите се малку поголеми и со конвенционален изглед, a обновен е и предниот браник. Задниот исто така е преобликуван, како и вратата на багажникот, додека позицијата за регистарските таблички е поместена нагоре.

Внатрешноста на автомобилот останува непроменета.

„Jeep“ засега не ги објави техничките детали, но не се очекуваат поголеми промени во погонската гама.

Со појавата на актуелната генерација на моделот „Cherokee“ пред 4 години производителот направи целосен пресврт во поглед на дизајнот.

Наместо дотогашната класична коцкаста форма, новата верзија доби заоблени линии, а предниот дел од возилото во почетокот предизвика негативни реакција во јавноста.

Љубителите на автомобили од бреднот „Jeep“ сметаа дека „Cherokee“ го има загубено препознатливиот визуелен идентитет, а во медиумите се појавија коментари со потсмев на сметка на неговиот дизајн.

Меѓутоа, се испостави дека „Jeep“ направи добар потег, со оглед дека годишната продажба на моделот „Cherokee“ во САД е двојно зголемена. Во периодот 2014-2016 на купувачите во САД, кој е главен пазар на ово модел, секоја година просечно се испорачувани околу 200.000 aвтомобили.

Само за споредба, неговиот претходник (кој во САД се продаваше под името „Liberty“), во периодот 2001-2013. просечно секоја година привлекуваше помалку од 100.000 купувачи.

Повеќе детали за редизајнираниот модел „Cherokee“ ќе бидат познати на почетокот на 2018-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП