26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ja исполни својата цел – продаде 100.000 електрични автомобили

BMW ja исполни својата цел – продаде 100.000 електрични автомобили

Во 2017-та, „BMW“ успеа да ја исполни претходно посакуваната цел и да продаде 100.000 возила со целосно или делумно електричен погон во 2017-та. Веста беше потврдена од страна на главниот извршен директор Харалд Кругер.

Уникатното светлосно шоу во Минхен го одбележа постигнувањето на компанијата.

Во чест на постигнувањето седиштето на компанијата во Минхен – познатата зграда „Четирите цилиндари“ – беше така осветлена што цилиндрите изгледаа како батерии.

„Ние не само што ветувавме, туку и исполнуваме“, рече Кругер. „100.000 продадени електрифицирани возила за една година се важна пресвртница, и покрај тоа се само почеток за нас“. Откако компанијата го претстави својот прв чист електромобил – „BMW i3“ во 2013-та, баварците доставиле 200.000 автомобили со електричен погон, а во 2025-та планираат да имаат 25 слични модели во својата палета.

За идните нови електрични линии компанијата отсега ги патентираше имињата од „i1“ до „i9“ и од „iX1“ до „iX9“.

Според податоците на „POLK“ оваа година „BMW“ е категоричен лидер во Европа во областа на „plug-in“ хибриди, со приближно 21% пазарен удел. Најсилна е побарувачката во Скандинавија, каде најпродаван модел на „BMW“ воопшто е токму „i3“, а една четвртина од испорачаните на автомобили од компанијата се електрични или „plug-in“ хибрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП