3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas се откажува од идејата за изработка на сопствени преносни уреди

Adidas се откажува од идејата за изработка на сопствени преносни уреди

Уредите за носење се тешка категорија. Некои од најголемите имиња во светот на технологијата се обидоа да се пробијат во оваа област и пропаднаа, а оние кои станаа нејзин синоним, се борат, за да продолжат понатаму.

„Adidas“ е компанија која ја научи оваа лекција на потешкиот начин, пишува „TechCrunch“.

Производителот на спортска опрема ја затвора своето единица за дигитални спортски производи и ги реструктуира останатите дигитални потфати, потврди портпаролот на компанијата.

„За да ја продолжиме нашата дигитална трансформација и да ги привлечеме корисниците во оваа динамична деловна средина, ние го променивме стратешкиот пристап во дигиталната сфера, засилувајќи го нашиот фокус на дигиталните искуства“, коментираат од „Adidas“. „Ќе ја запреме нашата посебна организација за дигиталните спортови и ќе го консолидираме екосистемот на апликации на „Adidas“, фокусирајќи ги напорите во две силни платформи на брендот: „Runtastic“ и „The Adidas App“. Ги интегрираме дигиталните процеси во сите делови на нашиот бизнис и ќе продолжиме да ја развиваме нашата дигитална експертиза во повеќе интегриран начин“.

На крајот на минатата година компанијата се откажа од своите соништа за самостоен спортски часовник.

„Нема да видиме нов спортски часовник од „Adidas“ за некое време“, коментира тогаш компанијата. Како што беше ветено, беа планирани дополнителни уреди, вклучувајќи го и „Chameleon Fitness Tracker“.

Претходно оваа година, компанијата беше прогласена за партнер на новиот паметен часовник „Fitbit“. Иако уредот добил мешани повратни информации, овој тип на договор е корисен за двете страни. Тие му даваат на „Fitbit“ познат партнер за уредот, а „Adidas“ добива платформа за дигиталните услуги, во кои сака да расте.

Овој вид партнерства се докажа како корисен за „Nike“ во минатото, благодарение на нејзината долгогодишна соработка со компании како „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП