28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има недостиг на 1.1 милиони квалификувани работници, еве кои професии се...

Германија има недостиг на 1.1 милиони квалификувани работници, еве кои професии се најбарани

Германската економија се соочува со нов залет, а недостатокот на млади луѓе претставува сериозен проблем за големата побарувачка на работна рака. Затоа компаниите се во потрага по работници од целиот свет.

Германските работодавци во третиот квартал од оваа година се соочија со најголем недостаток на соодветна работна сила досега, според порталот “Бизнис дневник”.

Централната канцеларија за вработување направи листа од приближно 110 различни занимања каде недостатокот е најчест.

Оваа категорија ги опфаќа професии како што се инженери, ИТ професионалци, лекари и здравствени професионалци, трговци и разни занаетчиски професии.

Германскиот здравствен систем најмногу бара лекари, медицински сестри, терапевти и фармацевти. Исто така, се бараат водоинсталатери, водоводџии, санитарни работници, молери, кровери и фасадери.

И во туризмот ситуацијата со недостаток на труд не е ништо подобра. Во овој сектор најмногу се бараат работници за работа во хотели и ресторани.

Забележано е дека е потребно основно познавање на германскиот јазик, бидејќи во спротивно многу потешко е да се најде работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП