2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi го претстави Attrage

Mitsubishi го претстави Attrage

2014-Mitsubishi-Attrage-front-right-side

„Mitsubishi“ ја објави првата слика и податоците за новата „глобално компактна лимузина“ – „Attrage“ чија продажба во Тајланд ќе започне во јули. Според краткиот опис на автомобилот во официјалното соопштение се чини дека „Attrage“ не е само лимузинска верзија на хечбек моделот „Mirage“ туку е поголем и поиндивидуален од тој модел.

„Attrage“ е заснован на концептот G4 и припаѓа во најпространите автомобили во својата класа. Аеродинамичниот коефициент е 0.29 и е многу близу до коефициентот на моделот „Nissan Leaf“.

Во возилото е вграден 1.2 литарски „MIVEC“ мотор во комбинација со петостепен мануелен менувач или автоматски со континуирана варијабилна трансмисија. Просечната потрошувачка на овој автомобил изнесува 4.6 литри на 100 километри.

„Mitsubishi“ наведува дека оваа умерена потрошувачка е резултат на намалената тежина во сите сегменти на автомобилот и користењето на „RISE“ каросеријата која е најлесна во оваа класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП