28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинескиот одоговор на Teslа Model X (фото+видео)

Кинескиот одоговор на Teslа Model X (фото+видео)

Компанијата „Nio“ (познатa во минатото како „Next EV“) свечено го претстави својот прв сериски модел – „ES8“ и најави почеток на неговата продажба. Всушност тоа е втората машина на кинескиот производител, но суперавтомобилот „Nio EP9“ излезе во ограничен тираж и со прилично висока цена, па тешко може да се смета за сериски.

Сепак, „ES8 Crossover“ може да го купи секој што го сака. Сериската верзија се разликува малку од концептниот модел прикажан во април во Шангај. Тој нежно пораснала во димензии, па должината е зголемена за 44 мм и достигнува 5022 мм, а растојанието помеѓу двете оски – со 13 мм и веќе е 3010 мм.

За правењето на шасијата и каросеријата на електричниот модел е користен алуминиум, а на предната и задната оска се поставени по еден мотор. Нивната вкупна моќност е 653 КС и 840 Nm вртежен момент кои обезбедуваат забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,4 секунди. Капацитетот на батериите е 70 kW/h, дозволувајќи километража од 355 км (по циклуси на „NEDC“). Од компанијата додаваат дека при константна брзина од 60 км/ч километражата е 500 км.

Во „Nio“ е исполнета претходно објавената идеја и кросовер ќе се нуди со батерии кои лесно се менуваат. Само за 20 долари месечно сопственикот на автомобилот ќе може да добива наполнет акумулатор (промената ќе трае 3 минути), а исто така и да користи енергија од систем за брзо полнење.

Во моментов центрите на компанијата, во кои ќе се нуди услугата, се само во Пекинг, но идејата е до 2020-та година во Кина компанијата да има 1.100 места за замена на батериите и со 1.200 сопствени станици за полнење. Тие ќе бидат лоцирани во 9 поголеми градови во земјата.

„NIO ES8“, исто така има автопилот. Тоа е компанискиот систем „Nio Pilot“, кој вклучува предна камера, 5 радари, 12 ултразвучни сензори и уште една камера, која го следи шоферот. Во опремата на кросоверот се вклучени исто автопилот за движење по земјен пат и во сообраќајниот метеж, како и систем за нагло сопирање при потреба.

Од компанијата додаваат дека „Nio ES8“ е првиот сериски автомобил во светот, опремен со вештачката интелигенција „NOMI“. Таа се одредува како „смешен, брз и интуитивен придружник кој ги забавува патниците за време на долгите патувања“.

Цената на електричниот кросовер започнува со 67.765 долари. За споредба, единствениот конкурент на пазарот во моментот – „Tesla Model X“, во Кина е два пати поскап – 126.470 долари. „NIO“ планира следната година автомобилот да го продава во САД. А уште во април ќе биде претставен и друг сериски модел на кинескиот производител – компактниот „Nio ES6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП