28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов веб-сајт со можност за 3Д интерактивна прошетка на Skopje City Mall

Нов веб-сајт со можност за 3Д интерактивна прошетка на Skopje City Mall

Следејќи ги потребите на потрошувачите како и трендовите во дигиталното комуницирање, Skopje City Mall добива нова веб-страница преку која полесно ќе комуницира со своите потрошувачи.

Новиот веб-сајт на Skopje City Mall е со свеж и пријателски дизајн, со нова категоризација на објавите и новостите, полесна и попрегледна навигација низ сајтот, како и подобрени технички перформанси.

Најинтересниот новитет е можноста за  виртуелна 3Д интерактивна прошетка  за време на некој настан, каде на напреден начин се добива комплетната слика за активностите кои се организираат во трговскиот центар. Виртуелно-интерактивната прошетка е изработена од ВР-Порт, компанија која е  специјализирана за изработка на виртуелно-реални 3Д прошетки и  презентации.

ВР- Порт е сервис-партнер на Matterport (американска компанија која е единствена во светот за изработка на 3Д реални прошетки/презентации) за Македонија и пошироко. Импресивните 3Д реални прошетки/презентации овозможуваат интересно искуство – чувство речиси како да сте присутни на настанот. Со 3Д презентациите добивате можност вашите објекти да ги доживеете како 3Д макета, 3Д/360°прошетка, поглед од „птичја преспектива“, внатрешно обележување со презентација, 360° надворешна панорама, 360° фото-сфера слики на facebook, автоматска 3Д прошетка и слики со висока резолуција од секој можен агол.

Посетете ја добро познатата адреса www.skopjecitymall.mk и бидете секогаш први информирани за сите новости и организирани настани. Доколку не сте во можност да присуствувате, секогаш ќе можете виртуелно да прошетате низ ходниците на вашиот омилен трговски центар!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП