19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтравуваат поради биткоинот, Европа ќе биде построга!

Стравуваат поради биткоинот, Европа ќе биде построга!

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер најави дека идната година ќе започне расправа за биткоинот на ниво на земјите „Г20“, економски најмоќните држави во светот.

Следната година во април домаќин на самитот „Г20“ ќе биде Аргентина, а претставниците на Франција ќе бараат на тој собир одредено време да се посвети на криптовалутите и да се преговара за донесување на регулативи во таа област.

„Очигледно е дека шпеклулациите носат голем ризик. Мораме тоа да го разгледаме и испитаме со цел да можеме, заедно со државите од „Г20“, да започнеме да го регулирме биткоинот“, изјави Ле Мер.

Неговата загриженост околку пазарот на криптовалутите, а особено биткоинот, е поради големиот раст на цената во текот на оваа година.

Исто така, слична загриженост владее и на ниво на Европската унија чии челници бараат начини да воведат построги правила и регулативи во областа на криптовалутите, со цел да спречат со нив да се извршуваат илегални работи, како перење пари или финансирање тероризам.

За тоа време цената биткоинот малку го забави растот, но и натаму се чини дека ќе цели кон нивото од 20.000 долари, кое е сега прашање на време кога ќе биде достигнато. Доколку се случи пред крајот на годината, биткоинот во 2017-та ќе заврши со 20 пати поголема вредност од пред почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП