17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle продаде два од своите брендови за чај

Nestle продаде два од своите брендови за чај

Швајцарската компанија „Nestle“ продаде две од марките за чај во Северна Америка, откако најголемиот производител на храна и пијалоци во светот со цел да го преструктурира бизнисот, за да се фокусира на новите трендови на потрошувачка и на здравството, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата за удели во инвестирање „Fireman Capital Partners“ најави дека заедно со „Dunn’s River Brands“ ќе ги купа „Sweet Leaf Tea“ и „Tradewinds“ од „Nestle North America“.

Договорот, чии финансиски параметри не се обелоденети, се очекува да биде завршен до крајот на годината.

Од „Nestle“ не коментираа за оваа тема.

Под раководство на главниот извршен директор Марк Шнајдер, кој ја презеде должноста во оваа година, „Nestle“ започна преструктуирање на брендовите и стратегијата, обидувајќи се да се справи со слабиот раст на своите традиционални бизниси.

Претходно овој месец, швајцарската компанија објави дека го купува канадскиот производител „Atrium Innovations“ за 2,3 милијарди долари. Ова е нејзиното четврто купување во последниве месеци.

Во септември, компанијата го купи брендот на вегетаријанска храна „Sweet Earth“, како и брендот за кафе „Blue Bottle“. Во ноември, таа го купи кафето „Chameleon Cold-Brew“, со што се фокусира на пазар каде потрошувачите преферираат помали, независни брендови.

Наспроти бранот на аквизиции, „Nestle“ скратува дел од своето работење, вклучително и намалувањата на работните места во бизнисот со кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП