3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛесен и евтин начин да ја исчистите климата во автомобилот

Лесен и евтин начин да ја исчистите климата во автомобилот

Car-Air-Conditioning

Во текот на зимата во клима уредите се собираат бактерии поради кои во автомобилот се чуствува непријатна миризба.

Без разлика дали редовно го одржувате возилото, ова може да ви се случи и на вас.

Има и од оние кои заминале на мајстор и го промениле филтерот на климата па се било во ред само неколку часа, но миризбата повторно се појавила. Што да сторите во таа ситуација. Доколку несакате да давате пари по сервиси и да заштедите неколку илјади денари, пробајте овој проблем да го решите сами.

Пробајте го ова.

Постојат специјални спрејови за чистење на климата кои се добри да се користат барем еднаш во месецот. Прво најдете го и извадете го филтерот, исчистете го малку и утврдете во каква состојба се наоѓа. Попрскајте го со спрејот „Aspesol“ и оставете го да се исуши. Кога веќе сте го тргнале филтерот зад него ќе видите дека има дупка во која исто така треба да се испрска со „Aspesol“. Со ова средство прскате додека вентилаторот работи на најсилно и додека отворите за вентилација се отворени. Кога ќе потрошите два децилитри вклучете ја климата да лади за да не се создаде кондезација додека испарува средството.

Потоа исклучете го автомобилот, климата и вентилаторот, па наместете го новиот филтер и внимавајте на насоката на струење. Постапката треба да се повтори за една недела и потоа може да се каже дека вашата клима е исчистена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП