
Не, не го отворајте пенџерчето, прозорецот, балконската врата, не излегувајте од дома и така нема да дишете штетни ПМ честички. И проблемот е решен.


Не, не го отворајте пенџерчето, прозорецот, балконската врата, не излегувајте од дома и така нема да дишете штетни ПМ честички. И проблемот е решен.
Луѓе да се освестиме, ова со воздухот е далеку од зафрканција и што е лошо, трае. Слушам еден градски татко ќе имал отворен ден или веќе како да го наречам, за собирање на идеи за намалување на загадувањето. Алелуја градоначалниче, каква оригинална идеја. Па има ли во државава министерства, трудови инспекции, синдикат, институт за јавно здравје ….?
Власта не е само да дава популарни решенија туку добри и навремени решенија. Се труеме секој ден, воздухот смрди, сите сме болни или ќе се разболиме од ПМ честичките. Кога зборувам за загадувањето не мислам само на Скопје, тука се и Тетово, Битола и другите поголеми градови во Република Македонија.
Иако не сум експерт ќе кажам најмалце три причини за аеро загадувањето: 1. Покрај дрва и ќумур, за огрев се користи што ти не; 2. Се увезоа и се увезуваат најголемите ѓубриња од автомобили, автобуси, камиони и слично од Европа и се возат кај нас; 3. Се градеше и се гради кај треба и кај не треба, па нема провев.
Од друга страна, не сум човек кој само кука туку се трудам секогаш да предложам и некои решенија. Добри или не, времето ќе покаже. Како краткорочни мерки, кога концентрацијата на штетни честички во воздухот ќе е над минимално дозволената, треба ВЕДНАШ:
Како долгорочни решенија:
Понатака, ај и ние граѓаните малце да бидеме посовесни. Наутро во автомобилите ретко може да се видат повеќе од двајца. Да користиме повеќе јавен превоз и велосипеди во сообраќајот и да се движиме повеќе пешки. Апелирам, пратениците и министрите како пример да користат јавен превоз за до и од работа. Мислам дека за сите нас важи дека е лицемерно да бараме акција од државата, а ние сами не ја смениме нашата свест и не делуваме за намалување на загадувањето.
Македонци, албанци, срби и други, левица, десница, центар, да не правиме политика таму каде што ја нема и каде што не смее да ја има. Да го подобриме воздухот затоа што немаме друга алтернатива за дишење. Или, една третина ќе се иселиме од државата, една третина ќе испоумреме од загадувањето, па третината што ќе остане нека си биде власт и опозиција сама на себе.
Што ќе биде, а?

М-р Раде Чоловиќ