25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИмате Bitcoin пари, еве ви машина да ги чувате

Имате Bitcoin пари, еве ви машина да ги чувате

frostbit

Собирањето на „Bitcoin“ парите со користење на обични компјутери не е така лесна задача. Затоа не е ни чудно што се појавуваат голем број на специфични машини кои ќе помогнат при оваа работа.

„Cryonic Bitcon FrostBit“ е машина која е наменета само за „Bitcoin“ и која користи течен азот за ладење, а и има специјални „ASIC“ чипови, како и специјална цена. Извршниот директор на „Cryonic“ истакна дека оваа машина ќе користи специјална технологија за ладење и дека ваква досега на купувачите не им е понудена.

Тој додава дека одржувањето на ниските температури и овозможуваат исклучителни перформанси на специјално дизајнираните „ASIC“ процесори, како и намалување на потрошувачката на 2800W по единица. Иако оваа потрошувачка на енергија е значително поголема од обичните компјутери, машината е во состојба да понуди 1000 GH/S, што е за дури десетпати повеќе од најдобро опремениот компјутер.

Оваа машина може да се купи за 15.000 долари, а што е најинтересно неможе да се плати со помош на „Bitcoin“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП