17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle отвара центар за вештачка интелигенција во Кина

Google отвара центар за вештачка интелигенција во Кина

Американскиот интернет гигант „Google“ најави дека ќе отвори во Кина свој центар за студии во областа на вештачката интелигенција, а целта е да почне да привлекува талентите во земјата, иако производите на самата компанија остануваат блокирани во азиската држава, пренесува „Ројтерс“.

Во изјавата „Google“ посочи дека Центарот за истражување е прв од ваков вид во Азија и ќе располага со мал тим кој ќе работи надвор од веќе постојаната канцеларија на „Google“ во Пекинг.

Кинеските власти јасно изјавија поддршка за истражувањата и развојот на вештачката интелигенција во земјата, но наметнаа исклучително строги прописи за странски компании во последната година, вклучувајќи проширена цензура.

Интернет пребарувачот „Google“  е блокиран на кинескиот пазар заедно со продавницата со апликации, сервисот за е-пошта и складирањето во облак. Кинеските регулатори на сајберпросторот тврдат дека рестрикциите за странските медиуми и интернет платформи се наметнати, за да ги блокираат влијанија кои можат да ја нарушат стабилноста и социјалистичките идеали.

Затегнувањето на регулациите најверојатно ќе го спречи повторното влегување на „Google“ во Кина, сепак компанијата се повеќе се фокусира на развој на производи со вештачка интелигенција во земјата.

Оваа година „Google“ одржа турнир „Го“ заедно со локалните власти во Источна Кина, така што доби светски шампион во „Го“ против искусен интелект. Настанот беше широко објавен во глобалните медиуми, но не и од локалните медиуми.

Претходно овој месец извршниот директор на „Google“, Сундар Пичај се појави на конференцијата, предводена од Администрацијата за сајберпросторот на Кина, каде што разговараше за потенцијалот на вештачката интелигенција.

„Google“ изјави дека нејзиниот нов центар во азиската земја станува дел од листата од слични центри кои работат во Њујорк, Торонто, Лондон и Цирих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП