28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо на 16 години за возачка дозвола ќе се полага на 17

Наместо на 16 години за возачка дозвола ќе се полага на 17

Во собраниска процедура влегоа измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка.

На седницата закажана за утре на Законодавно-правната комисија власта предлага промена на возраста за стекнување право за полагање возачка дозвола за моторно возило од 16 на 17 години. Ова е една од главните новини што се наоѓа во новиот предлог-закон поднесен од координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев и уште 5 пратеници од мнозинството.

Со предлог-законот се предлага бришење на критериумот децата да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи, според предлог-законот, тоа не е критериум за полагање возачки испит и претставува дискриминација.

Се предлагаат и измени на рокот на важење на возачката дозвола во однос на старосната граница. На лицата над 70 години ќе им се издава возачка дозвола со важност од три години, а не како досега, за лицата постари од 65 години. На повозраните лица кои се над 70 години ќе им се издава возачка дозвола со пократок рок на важност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП