21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи - УЈП ја објави најновата листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.12/2017 за долгови доспеани до 31.08.2017 и неплатени до 30.11.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2017 објавени се 2357 должници – правни лица (помалку за 80 од претходната листа) и 1918 физички лица (помалку за 46 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2017 изнесува 10,966,068,875 денари, помалку за 219,428,398 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,920,882,845 денари (помалку за 170,223,300 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 45,186,030 денари (помалку за 49,205,098 денари од претходната листа).

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП