25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСедум години затвор за поранешниот директор на „Фолксваген“

Седум години затвор за поранешниот директор на „Фолксваген“

Поранешниот директор на германската фабрика за автомобили „Фолксваген“, кој на почетокот на оваа година беше уапсен во САД во рамки на аферата „Дизелгејт“, е осуден на максимална казна од седум години затвор во судот во САД.

Оливер Шмит (48), германски државјанин кој се изјасни за виновен во замена за помала казна, ќе мора да плати и парична казна од 400.000 американски долари, соопшти портпаролот на федералниот суд во Детроит, Мичиген.

Шмит пред судот рече дека направил лоши одлуки и дека жали за тоа.

Судот утврди дека тој учествувал во измама со компјутерската програмата на дизел автомобилите и дека свесно ги лажел властите на САД, кога тие ги покренаа прашањата во врска со реалната потрошувачка на овие автомобили.

Седумгодишната затворска казна вклучува пет години за измама и две за непочитување на законите за животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП