18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWal-Mart ќе му конкурира на Amazon со ново име

Wal-Mart ќе му конкурира на Amazon со ново име

Најголемиот трговец на мало „Wal-Mart Stores Inc.“, кој има повеќе од 11.700 продавници ширум светот, објави дека ќе го намали своето правно име на „Walmart Inc.“, објави „MarketWatch“.

Овој потег ја нагласува намерата на компанијата да се оддалечи од имиџот на традиционалната продавница, почнувајќи да се натпреварува онлајн со „Amazon.com Inc“.

„Сметавме дека би било најдобро да се има име кое ќе одговара на идејата дека може да купувате што сакате како клиент“, изјави извршниот директор на „Wal-Mart“, Даг Мекмилан.

Други големи компании исто така ги сменија имињата за да ги предупредат клиентите или инвеститорите дека ја промениле стратегијата. Стив Џобс во 2007-ма година одлучи да го скрати името на „Apple Computer Inc.“ во „Apple Inc.“, по менувањето на фокусот на телефони и други уреди.

„Google Inc.“ станаа „Alphabet Inc.“ во 2015-та година, со оглед на тоа што компанијата го прошири својот бизнис надвор од пребарувањето преку Интернет, вклучително и бизнисот со автомобили и роботи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП