20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦело движење е личност на годината според списанието „Тајм“

Цело движење е личност на годината според списанието „Тајм“

Американското списание „Тајм“ за личност на годината го прогласи движењето The Silence Breakers.

Ова движење го чинат поединци што иницираа активности во насока на спречување на сексуалното вознемирување. Тие се дел од поширокото движење #MeToo, кое застана во поддршка на жртвите од сексуално насилство и малтретирање.

Дел од оваа група се и познати дами, кои јавно зборуваа за сексуалното вознемирување што го доживеале во текот на својот живот и кариера.

Меѓу кандидатите за личност на 2017 година беа и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, американскиот рагби-играч Колин Каперник, специјалниот обвинител на САД за случајот со Русија, Роберт Милер, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, лидерот на Северна Кореја, Ким Ѓонг-ун, Пети Џенкинс – режисерката на Wonder Woman, претседателот на САД, Доналд Трамп, и кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Списанието „Тајм“ избира личност на годината од 1927 година, со што им се посветува внимание на поединци или групи што најмногу влијаеле на вестите во текот на годината во позитивна или негативна конотација. Титулата досега ја имаат добиено луѓе од разни професии и сфери на општеството, вклучувајќи и политичари, астронаути и демонстранти, а минатата година на насловната страница се најде ликот на Доналд Трамп.

Иако се смета дека наградата „Личност на годината“ е резервирана за личности што немаат контроверзни ставови, тоа не секогаш е така. Всушност, Адолф Хитлер ја доби оваа титула во 1938 година, а Сталин бил номиниран двапати, во 1939 и 1942 година.

Во продолжение се добитниците на признанието „Личност на годината“ на списанието „Тајм“ во последните 10 години:

2016 година – Доналд Трамп

2015 – Ангела Меркел

2014 – Борците против ебола

2013 – Папата Франциско

2012 – Барак Обама

2011 – анонимен демонстрант, демонстрантите од целиот свет

2010 – Марк Цукерберг

2009 – Берн Бернанк

2008 – Барак Обама

2007 – Владимир Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП