7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSRT Viper на пат кон Европа по цена од 139.000 евра

SRT Viper на пат кон Европа по цена од 139.000 евра

viper

„SRT Viper“ со сигурност е еден од најдобрите американски возила кои можат да се пронајдат на пазарот, но „Chrysler“ досега овој модел не го нудеше на пазарот во Европа. Но сепак постои можност тоа да се промени во наредниот период, затоа што постојат планови за увоз на овој модел на територијата на Германија.

Со цена од 139.000 евра европските модели на „Viper“ ќе бидат скоро двојно поскапи отколку на територијата на САД каде за истиот модел потребно е да се одвојат 75.305 евра, што навистина е голема разлика во цената.

Доколку цената не ве предомисли сигурно ќе се израдувате на фактот дека „SRT Viper“ моделот го одликува 8.4L V10 мотор кој развива 640ks и 814Nm вртежен момент, а сето тоа е поврзано со шестстепен мануелен менувач кој на овој спортски автомобил му овозможува да забрза од 0 дo 100km/h за помалку од три секунди, а максималната брзина е 331km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП