3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ќе ја плати казната наметната од ЕК на почетокот од 2018-та

Apple ќе ја плати казната наметната од ЕК на почетокот од 2018-та

Се очекува „Apple“ да започне да го плаќа избегнатиот данок кон Ирска во првиот квартал на следната година, како износите ќе се трансферираат по специјална доверителска сметка.

Ова го истакна министерот за финансии на земјата, Паскал Донауе, објави „Ројтерс“.

Европската комисија изрече рекордна парична казна на американската компанија во износ од 13 милијарди евра поради недозволени даночни отстапки добиени од Ирска.

Сепак, повеќе од една година по одлуката на ЕК, сè уште не постојат дејства за плаќање на изречената санкција.

Така изјавата на ирскиот министер за финансии е првото наведување на конкретни чекори за спроведување на наредбата од европскиот антимонополен регулатор.

Сега Ирска бара инвестициски менаџер и повереник да управува со доверливата сметка, а се очекува да бидат избрани следниот месец.

Според Донауе, Ирска и „Apple“ постигнале договор за принципите и управувањето со доверливата сметка.

„Очекуваме парите да почнат да се трансферираат на сметката од „Apple“ во првиот квартал на следната година“, вели Паскал Донауе пред средбата со комесарот за конкуренција Маргрет Вестагер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП