29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToys R Us затвора продавници во Велика Британија

Toys R Us затвора продавници во Велика Британија

Британскиот бизнис на американскиот производител на играчки „Toys R Us“ ќе побара одобрение од доверителите за реструктуирање што вклучува затворање на барем 26 од сите 105-те продавници во Велика Британија, соопштува „Ројтерс“.

Британската единица на „Toys R Us“, која прогласи банкрот во септември, изјави дека презентирала план пред доверителите и се очекува одобрување во рамките на следните 17 дена.

Ако овој план биде одобрен од страна на доверителите, тој значително ќе ги намали обврските по кирии и ќе му овозможи на бизнисот да се движи по нов, остварлив бизнис модел.

Компанијата вели дека очекува кратенки, но не прецизира колку точно. Во британскиот бизнис на „Toys R Us“ се вработени околу 3.200 лица. За време на Божиќните празници продавниците ќе работат нормално, како и во почетокот на новата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП