20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung сака да патентира мобилни телефони кои ја читаат дланката на раката

Samsung сака да патентира мобилни телефони кои ја читаат дланката на раката

„Samsung“ поднела барање за патент за уред кој може да ја чита дланката, соопштува сајтот „Engadget“.

Технологијата нема да ги замени традиционалните биометриски системи, како отпечаток од прст или скенирање на лицето, но ќе им помага на корисниците да се потсетат, ако ја заборавиле лозинката.

Оваа задача обично се изведува од безбедносни прашања, но некој што ве познава може да влезе во системот и да ја открие вашата лозинка.

Технологијата која „Samsung“ сака да ја патентира, ќе ги зема предвид уникатните линии на дланката на корисниците и ќе ги користи, за да покажува потсетници во форма на незавршени симболи.

Во барањето за патент на „Samsung“ не се зборува за длабочината на системот, но може да се претпостави дека компанијата се стреми кон нешто покомплексно, отколку обична слика.

Ова потенцијално може да доведе до создавање на нов, уникатен систем за идентификација, но во поднесените документи од „Samsung“ не се споменува ништо друго, освен заштита за лозинката.

Патентната пријава не значи дека технологијата наскоро ќе стапи во употреба. Компании како „Samsung“ и „Apple“, често поднесуваат молба за патенти како маркетинг техника или едноставно за да не дозволат на конкурентите да работат на одредени идеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП