29 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDatally открива се што троши премногу интернет на вашиот телефон (видео)

Datally открива се што троши премногу интернет на вашиот телефон (видео)

„Google“ претстави мобилна апликација чија задача е да ја спречи неочекуваната потрошувачка на пренос на податоци.

Апликацијата „Datally“ им покажува на корисниците кои апликации во позадина црпат најголема количина на мобилни податоци, и предлага поблиска „Wi-Fi“ мрежа на која (ако сакате) можете да се поврзете.

На врвот на екранот во апликацијата се наоѓа големо копче со кое можете да го прекинете целиот пренос на податоци, што значи дека податоците може да се користи исклучиво за апликациите кои моментално се користат. Доколку сакате да бидат активни само одредени апликации, „Datally“ го може и тоа.

Ако сте искусен корисник на „Android, „Datally“ може да ви се чини како бескорисна апликација, затоа што целиот сообраќај може да се следи преку скриени функции во поставките на вашиот телефон.

Од друга страна, за некого кој не ги знае сите тајни на оперативниот систем на „Google“, „Datally“ ќе биде неизбежна алатка. Како самостојна апликација, таа и тоа како е практична во секојдневното користење.

„Datally“ е дел од инцијативата на „Google“ – „Next Billion Users“ (Следните милијарди корисници) која се обидува да ги стори производите на „Googlе“ во земји со ограничена покриеност на мобилниот сообраќај. Токму затоа оваа иницијатива се фокусира на мали и корисни апликации.

„Datally“, конкретно, завзема само 6 MB простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП