26 февруари, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите Laguna, Scenic и Еspace пристигнуваат во 2014-та

Новите Laguna, Scenic и Еspace пристигнуваат во 2014-та

renos

Иако европската авто-индустрија е во криза, тоа не го спречува Рено да вложи 420 милиони евра во развој и производство на нови модели.

Рено во последно време се фокусира на нови модели во понискиот автомобилски сегмент. Во текот на 2012-та и 2013-та година е преставена новата генерација на моделот „Clio“, малиот електричен градски автомобил „Zoe“ и урбаниот кросовер „Captur“. А на големо се работи и на наследникот на Рено „Twingo“.

Од францускиот производител соопштуваат дека на ред дошле и поголемите модели, па така за 2014-та година се најавува лансирање на новите генерации на „Scenic“ / „Grand Scenic“ и „Espace“, како и на моделот „Laguna“. Сите овие возила неодамна се благо редизајнирани за да останат конкурентни на пазарот до појавувањето на новите верзии.

renos1

Споменатата инвестиција во вредност од 420 милиони евра ќе биде наочена кон фабриката на Рено „Georges Besse“ во која ќе се изработуваат новите „Scenic“, „Espace“ и „Laguna“.

Средствата ќе бидат искористени за нови алати и опрема кои се потребни за изработка на овие модели. Фабриката ќе биде прилагодена така што на една производна линија ќе се составуваат дури пет модели: „Scenic“, „Grand Scenic“, „Espace“, „Laguna“ и „Laguna“ караван. Па така во зависност од побарувачката производството лесно ќе биде насочено од еден на било кој друг автомобил.

Рено засега несакаше да ги открие деталите за новите генерации на своите модели кои ќе излезат од фабриката „Georges Besse“, но само потенцираше дека нивното производство ќе започне во текот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП