10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 3.000 евра за секој мигрант кој ќе се врати во родната...

По 3.000 евра за секој мигрант кој ќе се врати во родната земја

Германија ќе ги поддржи одбиените баратели на азил кои доброволно ќе се вратат во родните земји со еднократна исплата на 3.000 евра.

Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека мигрантите кои ги исполнуваат условите може да се пријават до 28 февруари, а дека парите ќе ги добијат откако ќе се вратат во тaтковината.

На мигрантите кои ќе се согласат да се вратат дома пред донесување на одлука на барањeто за азил, претходно им беше понудено 1.200 евра, а за децата 600 евра.

Во досегашната програма за повратници, од февруари до октомври учествувале 8.639 мигранти, додека во Германија има околу 115.000 одбиени баратели на азил, наведува германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“. Многу од нив не може да бидат депортирани од хуманитарни причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП