„Microsoft Edge“ зa „iOS“ и „Android“ конечно е достапен за сите. Корисниците на „iOS“ и „Android“ прелистувачот на „Microsoft“ можат да го превземат преку соодветните продавници и тоа бесплатно.
Кога станува збор за прелистувачите, на пазарот веќе постојат голем број на опции за двете платформи, како и одлични верзии кои пристигнуваат како стандардни. Сепак, доколку сте „Edge“ корисники на „Windows 10“ и сакате лесно да управувате со својата историја на пребарување, лозинки и отворени табови кои се синхронизираат на телефонот, „Edge“ за мобилните уреди е добра опција.
Станува збор за прелистувач за верните „Edge“ корисници на десктоп, кои сакаа искуството да го пренесат и на мобилните уреди.
„Edge“ зa „iOS“ и „Android“ може да се превземат со кликнување на линковите, а доколку не можете да ги пронајдете потребно е малку време со цел да се појават во регионот.