Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да го ставите вашиот телефон на “Airplane Mode” кога летате со авион? Повеќето луѓе мислат дека тоа е затоа што активните мобилни телефони може да се мешаат со навигациската опрема на авионот. Но, тоа не е вистинската причина зошто вашиот телефон мора да биде во “Airplane Mode”.
Зошто авиокомпаниите ве тераат да го ставите вашиот телефон на “Airplane Mode”?
Пилотите тврдат дека активните мобилни телефони може да се мешаат со нивната навигациска опрема.
“Никогаш не е докажано дека сигналот на мобилниот телефон се меша со навигациските перформанси на авионот. Но, само затоа што никогаш не се случило, тоа не значи дека нема да се случи”, пилот изјави за Business Insider.
Но вистинската причина зошто авиокомпаниите ве тераат да го ставите вашиот телефон на “Airplane Mode” е поради Федералната комисија за комуникации.
Правилата на FCC забрануваат употреба на мобилни телефони на авиони со цел да се “заштитат од радио пречки на мобилните телефонски мрежи доле на земјата”. Значи на 40.000 стапки во воздухот, активните мобилни телефони ќе примаат сигнали од повеќе комуникациски кули од земајата. Ова може да ги поремети мрежите доле на земјата и да ја наруши услугата.
Некои меѓународни авиокомпании имаат приемници на мобилни телефони инсталирани на одбрани авиони. Значи патниците на одредени летови можат да се јават или да пишуваат пораки во воздух. Можете исто така да се поврзете со Wi-Fi на многу летови. Така ќе можете да сурфате на интернет и да праќате пораки. Но, повеќето авиокомпании ги ограничуваат патниците да прават повици преку Wi-Fi во текот на летот.