8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобар начин да се отстрани гребнатина

Најдобар начин да се отстрани гребнатина

Car-paint-scratch-repair-bristol

За еден возач тешко дека постои понепријатно изненадување од тоа дека самиот или некој друг му го гребнал автомобилот.

Гребнатините можат да бидат плитки и далбоки, па во согласност со тоа и санацијата е различна.

Прво обидете се гребнатината да ја отстраните со ацетон или разредувач кој ќе го нанесете на мека крпа. Доколку нема никаков ефект ќе морате многу повеќе да се посветите.

За почеток почнете со миење на спорниот дел од автомобилот со вода и сапун и оставете го добро да се исуши. Со тенка четка или со чепкалка за заби нанесете боја прецизно на гребнатините. Почекајте два часа да се исуши бојата и потоа исполирајте го местото.

За полирање можете да користите полир-паста која ќе ја нанесете на сунѓер и полека со кружни движења ќе ја нанесувате на оштетениот дел.

Кога пастата ќе се исуши со кружни движења и исклучиво со памучна крпа отстранете го вишокот од  полир-пастата од автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП