7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia ги негира плановите за купување на американскиот Juniper

Nokia ги негира плановите за купување на американскиот Juniper

Финскиот провајдер на телекомуникациска опрема „Nokia“ ги негира информациите кои се појавија во медиумите, а во кои се наведува дека компанијата е во преговори за купување на нејзиниот американски конкурент „Juniper Networks“, а договорот ќе биде во вредност од неколку милијарди долари. „Nokia“ не подготвува понуда за „Juniper“, се вели во изјавата на телекомуникацискиот производител.

Иако „Nokia“ не ги коментира пазарните гласини заради специфичноста на извештаите во медиумите за потенцијална зделка за „Juniper Networks“, компанијата ја даде следнава изјава: „„Nokia“ во моментов не дискутира ниту се подготвува да предложи договор на „Juniper Networks“, поврзана со купување на оваа компанија“, се вели во соопштението.

Претходно, американските економски медиуми „CNBC“ објавија дека „Nokia“ го посакува „Juniper“ и го вреднува својот ривал на околу 16 милијарди долари. Пазарната капитализација на „Juniper“ достигна 11,26 милијарди долари на крајот од седницата во средата. На пост-изборната седница, нејзината цена на акциите забележа раст од 18%. Досега од „Juniper“ не ја коментираа оваа тема.

По продажбата на мобилниот бизнис на „Microsoft“, финската компанија главно го развива својот бизнис за телекомуникациска опрема. Минатата година таа ја купи „Alcatel-Lucent“ за околу 17 милијарди долари, за да може да се натпреварува подобро со шведската „Ericsson“ и кинеската „Huawei“ на пазар на кој ограничениот раст и силната конкуренција ги потисна цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП